Протест за случајот со Клиниката за онкологија се одржа и денеска пред Јавното обвинителство во Скопје. Засегнати пациенти со истите барања, пред зградата на обвинителството порачаа дека сакаат истрагата да биде брза, особено во делот на лекарствата за, како што велат, да знаат тие што се најзасегнати како да го продолжат своето лекување.

Пациентите од Клиниката за онкологија или лицата коишто се засегнати со некој близок протестираат веќе втора недела по ред пред Јавното обвинителство со истите барања.

Две членки кои денеска биле испратени да имаат увид во истрагата, пренесуваат дека од ЈО повторно побарале да се јавуваат сите пациенти на коишто им е одбиена или задоцнета терапијата.

Собранието денеска одлучи да се формира Анкетна комисија која ќе ја следи предистажната постапка во ЈО. Комисијата ќе има 13 члена додека претседателот ќе биде од опозициското ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тие се предлагачи за формирање на Комисијата.