Изминативе два дена, вакциналната екипа од гевгелиската Општа болница ја заврши акцијата за вакцинирање со бустер доза против Ковид-19 во психијатриската болница „Негорци“, каде третата анти ковид вакцина ја примиле 152 хоспитализирани пациенти, како и дел од вработениот персонал во здравствената установа.

Од болницата денеска потврдија дека вакциналната екипата ќе продолжи со работа на терен, овој пат во гевгелискиот затвор, каде ќе бидат вакцинирани 12 граѓани кои се наоѓаат на издржување затворска казна и оти позитивно ќе биде одговорено на барањето на текстилната компанија „Меркјури“ за вакцинирање со „бустер“ доза на 60 вработени.