Со интервенција на дежурниот тим на ковид одделението во болницата во Русе пожарот бил изгаснат, а за тоа помогнала и самата пацинетка која што го активирала алармниот систем во болницата.

Во пожарот опожарени се неколку кревети, sидовите и апаратите со кислород во болничката соба. Четворицата пациенти кои биле во собата каде што избувнал пожарот не биле загрозени и веднаш биле префрлени во други простории.

По настанатиот пожар, раководството на болницата во Русе размислува да издаде наредба според која на пациентите не треба да им биде дозволено да носат запаливи уреди при влегување во медицинска установа.

На 8-ми минатиот месец, пожар предизвикан од спој во продолжен кабел на кој бил приклучен дефиблиратор ја проголта и модуларната ковид болница во Тетово, каде што животот го загубија 14 лица.

Првичниот форензички извшетај на МВР, не ја затвори истрагата за причините за пожарот и кривичната одговорност за тетовската трагедија и 14 починати пациенти, а премиерот Заев не ги прифати понудените оставките на министерот Филипче и заменикот Хасани.