Прекин во функционирањето на популарната апликација за пораки Вибер, при што причината за тоа засега не е позната.

Популарниот сајт за следење на статусот на онлајн сервисите, „Down Detector“, наведува дека околу 21 часот почнале да пристигнуваат извештаи за прекин во работата на апликацијата.

Апликацијата во голема мера не функционира и многумина не можат да испраќаат пораки, ниту да се јавуваат.