Вчерашното невреме кое ги зафати скопските општини Аеродром и Гази Баба остави голема материјална штета.

Се санираат штетите од невремето, проследено со дожд и силен ветер, што вчера попладне зафати делови од Скопје. Во одредени општини беа поплавени куќи и улици, а имаше и паднати дрвја и бандери.

Два 110-киловолтни далековода, кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“, беа без напон, поради што синоќа дел од Скопје остана без електрична енергија, соопштија од електродистрибуција.

Сепак, по 15 часа чекање дојде струја во Аеродром и Ново Лисиче.