Анонимен човек во САД донирал 30 милиони долари за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија, објави пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, на Твитер.

Шариф објави дека донаторот е Пакистанец.

Длабоко сум трогнат од примерот на анонимен Пакистанец кој влезе во турската амбасада во САД и донираше 30 милиони долари за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија. Ова се толки величенствени дела на филантропија кои му овозможуваат на човештвото да триумфира над навидум непремостливите околности“, напиша Шариф.

Турската државна новинска агенција Анадолу ја потврди веста.