Продолжува судењето за двојното убиство кое ја потресе јавноста
Денеска (27 април) во Основниот Кривичен суд во Скопје, со почеток од 10 часот, продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На рочиштето ќе сведочи обвинетиот Љупчо Палевски, кој ќе одговара на вкрстени прашања поставени од страна на Обвинителството и неговата одбрана.
Што знаеме досега за убиствата на Вања и Панче?
Палевски ги негира обвиненијата
На претходното рочиште, Палевски ја негираше вината, нарекувајќи ги доказите против него манипулативни и нецелосни. Тој изјави дека на денот кога се случиле убиствата, бил зафатен со приватни обврски и партиски состаноци и дека немал контакт со другите обвинети, ниту пак го управувал „цитроенот“ кој се споменува во обвинението.
Клучно сведочење за одбраната
Адвокатот на Палевски, Јовица Страшевски, изјави дека постојат сериозни несогласувања меѓу доказите и исказите на Обвинителството. Според него, денешното сведочење на Палевски е клучен момент за обидот да се расветли вистината за случајот.
Детали од обвинението
Според обвинението, организираната група наводно ја планирала киднапирањето на 14-годишната Вања со цел да изнудат откуп од нејзиното семејство. Панче Жежовски бил грабнат бидејќи на обвинетите им било потребно неговото возило за извршување на планот. Телата на жртвите беа пронајдени на 3 декември 2023 година, неколку дена по нивното исчезнување.
Палевски: Не знам кој е Панче Жежовски, никогаш не сум го запознал
Досегашен тек на судењето
Судењето за Вања и Панче предизвика низа реакции во јавноста. Досега, на судењето сведочеа сите обвинети, како и таткото на Вања, Велибор Манев, кој во своето сведочење го посочи Палевски како организатор на злосторството. Некои од обвинетите ја негираа својата вина или тврдеа дека имале споредна улога во случајот.