Влијанието на ОЈО врз сведоци е направено неколку пати во оваа судница, рече денеска првообвинетот во предметот за убиството на Вања и Панче, Љупчо Палевски Палчо.

Палчо сведочеше пред судот

Тој потенцираше дека притисок се правел врз Велибор Манев како и врз Ерол Османи кај кого бил да поправа котли во периодот на убиството на Панче Жежовски.

На 28.11 2023 е невозможно е да бидам во Бутел кај Османи и да го поправам котелот. Во 8 часот тој ден добив порака од Зоран Китевски од Австралија и ме праша дали ќе имаме поткаст. Поткастот почна во 10 часот и 11 минути и траеше до после 12 часот. Османи во исказот тврди дека во 11 и 42 минути сум му пратил порака дека сум добар и оти ќе дојдам кај него во Бутел. Проблемот на сведокот дека не ја говори вистината е пораката што ја добив од поранешниот пратеник Бошков дека мојот глас на поткастот послабо се слуша. Во меѓувреме ја земав ќерка ми пред Алкалоид околу 13 часот. Физички е невозможно е да бидам на 28-ми во Бутел и да поправам котел -изјави пред судот Палевски.

Тој уште тврди дека не постојат информации од базните станици за критичните денови.

Според Телеком јас никогаш не сум бил во Бутел ниту на 22 ниту 28 ноември, што е речиси невозможно котлите на Ерол да бидат поправени. ОЈО користи лажни сведоци – убедува Палевски.

Кешишев потврди дека Палчо во комбето му дал лист: „Препиши го и немај гајле“

Палевски: Не знам кој е Панче Жежовски, никогаш не сум го запознал

Палевски тврди дека не знае кој е Панче Жежовски ниту некогаш го запознал.

Наивните објаснувања на Манев се неточни. Постои повеќе од кавга за бекатон плочки меѓу нив. Има и кривична пријава од Жежовски до Манев. Таа е отфрлена во Велес, а во претставките до Советот на јавно обвинителство Жежовски тврди дека Манев е под заштита на Обинителството во Велес. Постои многу повеќе од недоразбирање. Панче 10 години се занимавал со Манев, имало нетрпение и омраза меѓу нив. Случајно или намерно на местото на настанот за убиството излегла обвинителката што ја отфрила кривичната пријава за Манев, тврди Палевски.

Извор: Република