Љупчо Палевски-Палчо, кој се сомничи за киднапирање и реализација на убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е фатен, дознава „Скопје1“.

Тој бил задржан на граница, по распишаната меѓународна потерница, но од медиумот не објавувата на кој граничен премин е уапсен.

Засега се знае неговата траекторија на движење која е Скопје-Белград-Турција.

МВР закажа прес-конференција за во 22-30 часот.