Дростен нагласи дека заштитата на слузницата ќе биде намалена идната зима, па поради тоа ќе биде потребно зголемување на вакцинирањето. Меѓутоа, познатиот германски виролог изрази надеж дека пандемијата ќе заврши.

-Добра вест е тоа што заштитата нема целосно да исчезне во текот на зимата, но и покрај вакцинацијата, овие луѓе повторно ќе бидат меѓу оние кои можат да го пренесат вирусот после инфекцијата, објасни Дростен.

Тој истакна дека не е точно дека мораме повторно да се вакцинираме поради мутациите на вирусот.

-Не мора повторно да се вакцинирате затоа што се појавија мутации, туку затоа што имунитетот не трае доживотно. Тука не зборуваме за вакцинација против морбили, изјави Дростен и порача дека ќе дојде крајот на пандемијата на коронавирусот.

Сценариото според кое пандемијата на коронавирусот никогаш нема да заврши е бесмислица. Што почесто ќе се инфицирате, вирусот ќе го поминувате како настинка. Тоа значи дека подолго ќе трае комплетната имунолошка заштита на слузокожата. И тоа не само месеци, туку и години, изјави Дростен.