Начинот на кој почнаа да се однесуваат функционерите на СДС сè повеќе наликува на секта, а не на политичка партија.

Исти фрази, исти напади, исти координирани настапи и очајнички обиди да се создаде вештачка атмосфера на хаос во јавноста. Кога една политичка структура ќе почне да функционира како затворен круг кој живее од сопствени заблуди и постојано ги повторува истите конструкции, тогаш станува јасно дека проблемот одамна не е политички, туку многу подлабок!

Жал ни е што се однесуваат како секта и сериозно сме загрижени за психичката вознемиреност која очигледно владее во врвот на СДС. Наместо аргументи, наместо политика, наместо барем минимална рационалност од нивните прес-конференции излегува нервоза, паника и очај.

Стравот од сопствениот политички крај и одговорноста за пустошот што го оставија зад себе, ги тера да се движат низ темните ходници на тешките политички и психички трауми. Затоа реагираат нервозно, затоа врескаат на прес-конференции и затоа очајно се обидуваат секоја трагедија да ја претворат во политички циркус.

Ги повикуваме да застанат.

Да се преиспитаат.

Да ги анализираат сопствените потези.

Ако барем малку се погледнат од страна, ќе сфатат дека ова што го прават не е политика, туку симптом на сериозна политичка и психолошка криза.

Од почит кон јавноста и одговорноста кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ целосно ги негира и отфрла овие очајни и бесрамни обиди трагедиите да се злоупотребуваат за дневнополитички напади.

Македонија заслужува сериозна политика, а не политичка хистерија и очајни настапи од една партија која очигледно не може да се помири со сопствениот пораз.