Разговараме за предлогот за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити. Поговорката која што вели „ Кога мачорот не е тука глувците оро играат“ е сега што е ползата да чуваш мачор ако глувците оро играат и кога тој е присутен. Еве иста е ситуацијата и во ова сала. Ако гледате дека и кога премиерот е присутен замислете пратениците по цел ден ги нема. Каде се овие реформи во администрацијата кои што толку долго ги најавувате, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова.
Панова нагласи дека Алити ќе биде запамтен по тоа што тој измислил начин како што е можно повеќе од своите да си вработи во државната администрација.
-Знаете ли по што ви е запамтен овој министер Алити, по балансерот по тоа што тој измислил начин како што е можно повеќе од своите да си вработи во државната администрација. И после државата немала пари за сервисни трошоци за пензии. Дали вработените во јавната администрација се стручни и колку се компетентни. Каков придонес ќе дадат во институциите во кои што работат. Дали тоа ќе им донесе подобар живот на граѓаните. Меѓутоа некој ќе се фали со бројки ќе лицитира со министерски места. За ова некој треба стоп, истакна Панова.
Панова нагласи дека луѓе со 9,5 просек не можат да се вработат на обично работно место бидејќи немаат партиска книшка а на испитот се полагало со телефони.
-Магистер на машински факултет со просек 9, 50 кој што аплицирал на јавен оглас за вработување во АЕК и мислејќи дека знаењето и испитите ќе бидат пресудни за вработување но не било така, човекот лично кажува што му се случило во администрацијата, бил повикан во просториите кои се всушност под министерството за информатичко општество и полагал испит меѓутоа знаете што се случило на испитот луѓето полагале со телефони, тоа се случило. Луѓе кои што имаат 9,5 просек не можат да се вработат на обично работно место бидејќи немаат партиска книшка, додаде Панова.