Панова до Ковачевски: Довербата во судството падна на 3%, ќе сноси ли воопшто некој некаква одговорност

П
Македонија 15.02.2023. 18:05

Единствената реформа на власта предводена од СДСМ и ДУИ се 5-те министри за правда. Многу министри, а килава правда. Разочарувањето на македонскиот граѓанин е огромно, младите се селат а луѓето живеат во сиромаштија“, рече пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова на денешната собраниска седница.

Таа додаде дека довербата во судството се намалува и дека истото е целосно руинирано.

„Додека Ковачевски седи на свиречко столче довербата во судството од 12% падна на 8%, па падна на 3%. Ќе сноси ли воопшто некој некаква одговорност за руинираното судство. Имате влада веќе 5 години со 5 различни министри за правда. Па дали некој од минатите министри за правда сносел било каква одговорност за тоа што го руиниравте судството“, рече Панова

Панова посочи дека една од причините зошто сме таму кај што сме, а за што Ковачевски треба да сноси одговорност или да даде коментар, се пред неколкуте скандали кои беа објавени во изминатиот период.

„Пред месец и половина се случи скандалозниот избор за шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција при што беше избран обвинител за кој 2 дена не можеа да најдат слика и на крајот го видоа повторно сликан со кадрите на ДУИ без никакви претходни успеси меѓутоа вие Ковачевски не дадовте ниту еден коментар за тоа и сето ова се обидовте да го заташкате“, вели Панова.

Таа додаде дека следуваше и изненадувачка оставка на претседателката на судскиот совет Павлина Црвенковска која обвини дека во Македонија владее бизнис судска елита. Но ниту Ковачевски, ниту министрите не кажаа ниту збор за тоа. Изборот за наследник на Црвенковска во судскиот совет беше уште по скандалозен бидејќи беше избрано лице од страна на фото албумот на СДСМ односно – Весна Дамева, партиски активист.


Останати вести од Македонија

Подкаст

Подкаст