Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија посочи дека по двојното свирепо убиство кое ја потресе јавноста граѓаните, гневот и револтот на граѓаните расте бидејќи тие сметаат дека институциите не ја завршиле својата работа како што треба.

Она што доминира во моментот е гневот, особено кон институциите кои што да речеме дозволиле да се случи едно вакво грозоморно случување. Се изгубија два невини животи и сега кажуваат дека тоа било изолиран случај, а притоа добиваме информации дека сите овие случувања се поврзани, во исто време има траги и во СВР Велес и во ОЈО, и во СВР Скопје, за одредени укажувања односно документи кои што алудираат на тоа дека доколку институциите ја завршиле својата работа, можеби немало да се случи тоа што се случи, изјави Панова.

Панова смета ваквите несакани дејствија започнале кога пајакот бил виновен за удирање на полицајката, кога одговорност за пожарот во модуларна болница бил виновен кабелот, како и за БЕСА Транс дека биле виновни царинарниците кои не извршиле контрола на автобусот.

Се почна кога крив беше пајакот, кога наводно пајакот ја удри полицајката. После тоа имаше неказнивост со пожарот во модуларната болница во Тетово, каде што беше крив кабелот. После тоа имате крива е царината што на БЕСА Транс бидејќи не извршила контрола на автобусот, вели таа.

Според Панова, во државата нема одговорност и казнивост, па затоа мафијашите и криминалците се сметаат за моќни и дека никој ништо нема да им направи без разлика што и да сторат.

Се додека во Македонија нема одговорност за ваквите настани, јас лично сметам дека се охрабруваат мафијашите и криминалците да хараат низ државата, и да мислат дека никој не им може ништо и едноставно на тој начин да сметаат дека што и да направат никогаш нема да бидат казнети.

На прашањето дали постојат докази дека МВР потфрлила во случајот со исчезнувањето на малата Вања, Панова истакна:

Треба да знаеме дека постојат докази кои што ние ги гледаме од објавени постови во медиумите. Прво Панче Жежовски бил пријавен за исчезнат заедно со своето возило. Во СВР Велес постоело документ дека има пријава дека Панче исчезнал со своето возило. Зошто МВР не се обидела да го најде возилото за да може да спречи или евентуално при самиот влез на возилото во Скопје преку Сејф Сити да го лоцира возилото.