Талат Џафери ја суспендираше основната надлежност на Уставниот суд, само за СДС да избега од референдум. Ако Собранието го има врвниот познавач на правото Талат Џафери, зошто тогаш е потребен Уставен суд? Зошто е потребно други истакнати правници да седат во Уставен суд и да земаат плата, ако нивната работа веќе ја врши Џафери? Со што се задолжи антимакедонската СДС кај ДУИ, за Талат Џафери да прави вакви правни гимнастики за да ги спаси? Над 60% од Македонците поддржуваа референдум и ќе излезеа на истиот. Огромно мнозинство од истите ќе гласаа за поништување на договорот со Бугарија. А, власта се исплаши од тоа, ова го изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова на денешната прес конфренција.

Таа посочи дека антимакедонската СДС знаеше дека доколку на референдум излезат околу милион наши сограѓани, тоа ќе биде крај за сите нивни политики, не само крај за договорот, туку и за владата и партијата која го преговараше.

– Антимакедонската СДС го натера Талат Џафери спротивно од чл.24 од Законот за референдум да не дозволи негово одржување, и се стави над целиот парламентарен систем и воопшто не го испрати барањето до претседателот на Законодавно правната комисија, како што налага процедурата. Џафери по налог на Ковачевски влезе во правни гимнастики кои немаат реална правна подлога, туку чисто силеџиство, и насилно практицирање на власта со кршење на сите норми и начела на правото. Со политичка одлука е спречен највисокиот чин на демократијата – референдумот. Антимакедонската СДС и нивниот извршител во Собранието Талат Џафери треба да знаат дека од соочување со народ избегаа моментално, но одговорност пред народот ќе има, кога ќе бидат казнети и жестоко поразени, додаде пратеничката Панова.