Професорот во изјава за Телма рече дека ако потоа се реагира со дополнителни мерки тие ќе бидат задоцнети.

Кај нас кафаните и кафиќите и во вториот и во третиот бран беа местата каде народот природно се имунизираше. Меѓутоа, многумина од тие природно имунизирани не се меѓу нас или имаат теши последици. Според мене, мерките треба да се прават за да се спречи ширење. Треба да се вратиме на повторна кампања и за вакцина и за заштита. Луѓето заборавија да носат маски и навистина ова со рестораните и со свадбите во затворен простор, кафулиња… Очекувам да има покачување до 1.000 случаи, се надевам не повеќе, рече Пановски.