Во очекување на новиот тип на мутација од вирусот на Ковид-19- Омикрон и групирањата пред Нова Година, епидемиологот Д-р Никола Пановски препорачува на учениците да им се продолжи зимскиот распуст и последните две недели од првото полугодие да ги следат он-лајн.
Во изјава за Лидер, Пановски вели дека он-лајн петицијата на родителите кои бараат тргање на маските на децата или носење по нивна желба во моментов е тотално небитна. Вели ако се почнале со носење на маски од септември нема потреба после да ги вадат.
-Мојот предлог е двете последни недели од првото полугодите децата да одат онлајн, и тогаш нема да разислуваме дали треба или не трба да носат маски. Сега дали 2 недели ќе носат кога носеа цело лето, цела есен е небитно, бито е дали ќе носат однапролет. Меѓутоа треба да се види каква ќе биде состојбата со ковидот а за тоа има време.
Јас бев затоа да почнат без маски со почетокот на новата учебна година, но кога веќе носат три ипол месеци, не знам што ќе смени ако не ги носат уште две недели.
За втрото полугодие ќе видиме каква ќе биде состојбата!
Сега баш заради сите овие работи трба да одат онлајн. Да им се продолжи распустот, чекајќи го овој нов сој. Дополнително многу е ладно времето и не може да се проветруват училниците и затоа треба да одат онлајн.
За напролет ќе видиме. Јас лично сметам дека како што почнале од почеток така треба да се продолжи. Ако почнале со маски нема потреба после да ги вадат.
Пановски вели дека за носење или не носење на маски во училиштата треба да се има заеднички став од сите засегнати страни. Потребно е консензуално решение како да почне и да заврши училишната година а не дали некое дете сака, па друго не сака, оставење на сопствен избор.
-Тоа многу лесно ќе го направевме тоа што нашата држава не го признава, за жал. Место да ги тестира со брцање со брисеви во носот, дали во моментот биле носители на вирусот, беспотребна работа, требаше да им се земат на група на деца по случаен избор крв, да се види дали имаат антитела и колку имаат.
И со тоа ќе знаевме, јас гарантирам дека кај средношколците немаше више да притискаат за вакцина и ќе имаа природен имунитет.
За жал нашата власт не го признава природниот имунитет и затоа не прави такви тестови. И ако имаа 80% од децата антитела зависно од возраста ќе кажевме нема потреба да носат маски, биле во контакт со вирусот или ќе носат само тие што немаат антитела, вели Д-р Пановски за Лидер.