Папата Франциск денеска изјави дека од статистиката за зголемување на бројот на фемициди и насилство врз жените, јасно е дека е неопходно да се едуцираат мажите за почит и здрави односи, пренесува АНСА.
„Можеме да видиме од многу тажните вести од овие денови, од страшните извештаи за насилство врз жените, колку е итно да се едуцираме за почит и грижа: да се формираат мажи кои се способни за здрави односи“, рече папата во неговата аудиенција со католичките новинари.
Тој рече дека комуникацијата го формира човекот и општеството и предупреди дека не треба да се заборави свеста за човековиот развој, имајќи предвид дека токму тоа ќе го одведе општеството во иднината.
„Ваша професија е да паметите и да пишуваме едноставно и разбирливо приказни за минатото, чувствата, луѓет од крв и месо кои треба да се почитуваат како да се ваши роднини“, им порача папата Франциск на присутните новинари.