Ретроспектива: Падот на Артан Груби
Стејт департментот јавно ги назначи Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси. Така, Груби заврши на црна листа. Отпосле јавно се докажа дека тој има вмешаност и во случај со „Државна лотарија“. Триесетдневен притвор му одреди Кривичниот суд во Скопје на поранешниот прв потпретседател на Владата на Северна Македонија и висок функционер на албанската партија ДУИ, Артан Груби, осомничен во овој случај.
Едномесечен притвор му е одреден и на поранешниот директор на „Државна лотарија“ на Северна Македонија, Прпетим Бајрами, кој исто како Груби е недостапен за органите на прогонот. Обвинителството побара притвор за Груби и Бајрами поради сомнение за проневера во Државна лотарија.
Од Обвинителството велат дека врз основа на прибраните докази постои основано сомнение дека двајцата соизвршители учествувале во дејствија со кои е оштетена Државната лотарија, со намера од другиот да прибават противправна финансиска корист, јавуваат македонските медиуми. Во извештаите се наведува дека Груби ја напуштил Македонија и дека со албански пасош, непосредно пред почетокот на полициската акција во која бил претресен неговиот дом.
За ова се огласија и твитерџиите:
Што ти е животот. Полн со симболики. На Кале ја почна политичката кариера, заради “Калето” ќе ја заврши…
Како во филм, злосторникот се врати на местото на настанот. Како карма. Па полесно ќе му беше да го отепаа Русите отколку Американците да го стават на црна листа.
Што ти е животот. Полн со симболики. На Кале ја почна политичката кариера, заради “Калето” ќе ја заврши…
Како во филм, злосторникот се врати на местото на настанот. Како карма. Па полесно ќе му беше да го отепаа Русите отколку Американците да го стават на црна листа… https://t.co/ttSvUcHrSX pic.twitter.com/5cbDuIpE1q— ☀ М (@arozgj) December 10, 2024
Каков крај
Меѓународна потерница за Артан Груби. Каков крај!
Меѓународна потерница за Артан Груби.
Каков крај!— Султана ⚜️〽️ (@Skonhet9) December 18, 2024
Папа Груби
Папа Груби 🥴 pic.twitter.com/42ccpPVr5T
— РеПресиран (@RepreSiran) December 17, 2024
Шутка и во Идризово да полежите
Што ти е животот. Некогаш играа фудбал во канцеларии, сега канцеларуваат по шатори на плоштад. Ај па следно во Шутка и во Идризово да полежите.
Што ти е животот. Некогаш играа фудбал во канцеларии, сега канцеларуваат по шатори на плоштад. Ај па следно во Шутка и во Идризово да полежите… https://t.co/rRcz9IWpDH pic.twitter.com/yAx1Err3OK
— ☀ М (@arozgj) December 10, 2024