Папата им се обрати на парламентарците кои беа во Рим на подготвителната средба пред годишната конференција на ОН за климата, што почнува во Глазгов, Шкотска, на 31 октомври.
Папата се повика на заеднички апел што тој и другите верски водачи го потпишаа оваа недела, повикувајќи ги владите да се посветат на амбициозните цели на конференцијата на ОН, која експертите ја гледаат како клучна можност за справување со заканата од глобалното затоплување.
– За да се соочиме со овој предизвик, секој има своја улога. Политичките и владините лидери се особено важни и навистина пресудни, рече папата пред парламентарците од многу земји на кои беше домаќин.