Светиот Отец во Братислава беше пречекан од словачката претседателка Зузана Чапутова.
Во чест на Папата, во моментот кога авионот со кој пристигна ја допре пистата, ѕвоната на 2.627 католички цркви истовремено заѕвонија низ целата земја.
Папата Франциск утре треба да се сретне со членовите на еврејската заедница, меѓу кои и со преживеаните од холокаустот.
Во вторник, Папата ќе ги посети посиромашните делови на земјата. Таму ќе се сретне со припадниците на ромската заедница, а во среда ќе се врати во Братислава и ќе предводи миса на отворено во местото за аџилак Шаштина.