Папата Лав XIV упати молитви и изрази сочувство до семејствата на жртвите

Папата Лав XIV упати молитви за жртвите од трагичниот пожар што избувна на новогодишната ноќ во бар во Швајцарија. Поглаварот на Римокатоличката црква ја истакна својата загриженост и сочувство кон семејствата на загинатите, соопшти државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин.

– Папата сака да изрази сочувство и загриженост за роднините на жртвите. Тој го моли Господ да ги прими починатите во своето царство на мир и светлина и да им даде храброст на оние што страдаат во телото и духот, се наведува во пораката испратена од кардиналот Паролин до епископот на Сион, Жан-Мари Лови.

Градот Сион се наоѓа во кантон Вале во Швајцарија, каде што се наоѓа и познатиот ски-центар Кран-Монтана.