-Најнапред се договоривме да формираме локални кризни штабови, од регионален и општински карактер, го утврдивме оперативниот план со кој се мапираа критичните точки, кои беа на удар од поплавите и ги утврдивме ресурсите со кои располагаме, расположлива опрема и човечки потенцијал. На крајот донесовме заклучок дека треба да се формира комисија за проценка на штетите и да се бара надомест за истите.