Парадата на гордоста 2025 со нов фокус – протест наместо концерт

Парада на гордоста оваа година ќе се одржи на 21 јуни во Скопје под паролата „Ќе (оп)стоиме заедно“, но без музички настапи. Организаторите објавија дека централниот настан ќе биде протестен марш. Како реакција на, како што наведуваат, институционалната невидливост на ЛГБТИ+ заедницата, особено во образованието.

Парада на гордоста се одржа во Скопје, годинава помина без инциденти

Причината за протестот – институционален срам и молк

Според Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, системското игнорирање на ЛГБТИ+ идентитетите во училиштата и зголемениот говор на омраза се главните причини за организирањето на протестен марш. Активистот Стефан Петровски порача:

„Наместо заштита – имаме невидливост. Наместо грижа – негирање. Младите заслужуваат подобро.“

Почетна локација и рута на протестот

Парада на гордоста ќе започне од паркот Жена-борец во 18:00 часот, каде што ќе се соберат учесниците и ќе има кратки говори. Во 19:00 часот ќе почне протестниот марш низ скопските улици, со целосен фокус на човековите права и барање институционална видливост.

Поддршка за младите и заедницата

Организаторите ја повикуваат јавноста да излезе и да даде поддршка за ЛГБТИ+ лицата. Овој марш има за цел не само видливост, туку и активна борба против дискриминација и насилство, посебно врз младите во образовниот систем.

Извор: ТВ 21