Францускиот премиер Жан Катекс во петокот ја соопшти одлуката за забрана на големи јавни настани и огномет за новогодишната ноќ и им препорача на жителите, дури и ако се вакцинирани, да направат тест за Ковид-19 пред новогодишните забави.

Катекс денеска изјави дека Омикрон се шири со молскавична брзина и дека најверојатно ќе стане доминантен во Франција до почетокот на следната година.

Франција имаше 58.128 новозаразени во петокот, како и 162 смртни случаи.