Одредбата не се однесува на периферијата и неколку од најважните булевари во француската престолнина.

Мерката е поддржана од мнозинството парижани, но остро се спротивставуваат жителите на облласта Ил-де-Франс, пишува „Ле Паризиен“. И пред воведувањето на оваа мерка, на 60 отсто од париските улици брзината беше ограничена на 30 км/ч.

Жителите на Париз ќе мора да се навикнат на тоа дека од денеска на повеќето улици во метрополата важи ново ограничување на брзината од 30 км/ч. Со брзина од 50 км/ч, возилата ќе можат да се движат само на одреден број булевари.