Градот Париз на 2-ри април ќе организира референдум за користење на електрични тротинети, односно за компаниите кои ги изнајмуваат на други корисници.

Идејата на градоначалничката Ана Идалго е да се забрани цел возен парк на тие компании, бидејќи се зголемува бројот на несреќи во кои учествуваат овие возила.

Соопштението на градоначалничката предизвикало национална расправа за зголемување на сообраќајните несреќи со електричните тротинети, вклучувајќи и ги оние во приватна сопственост, бидејќи нивните возачи ретко носат шлемови или друга заштита и прават многу прекршоци. Возачите често се малолетни, се возат повеќе лица на тротинет, се вози со голема брзина и во недозволена насока …

Во Париз несреќите со електрични тротинети значајно се зголемиле од нивното воведување во 2018-та година. Ширум Франција, во несреќните во кои учествувале овие возила загинале 22 лица во 2021-ва година, во споредба со 7-те смртни случаи во 2020-та година.

Зад овие бројки се кријат и илјадници повредени лица.

Дозволите за три компании за изнајмување на електрични тротинети истекува на 23-ти март, а администрацијата планира да ги продолжи до лето, пишува „Le Parisien“. Тоа би можело да биде последното продолжување, во зависност од одлуката на граѓаните.