Парламентарното мнозинство нема да гласа за предвремени избори, објави вчера СДСМ, оценувајќи дека се потврдило оти најавите за ново парламентарно мнозинство од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се несотварливи. Мицкоски, пак, вчера на прес-конференција побара брзи предвремени парламентарни избори кои, според него, ќе овозможат формирање стабилна влада, способна да се соочи со предизвиците пред кои е исправена земјата. Во меѓувреме, не стивнуваат реакциите од надвор за најавената оставка на Зоран Заев од премиерската функција и лидерската позиција на СДСМ.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, во меѓувреме рече дека сите членки на владината коалиција на координативната средба кај премиерот Зоран Заев во понеделникот потврдиле дека силно го поддржуваат сегашното парламентарно мнозинство и Влада и не се подготвени да поддржат друго. Тој нагласи дека смета оти нема да има предвремени избори, додавајќи дека ниту граѓаните, ниту државата имаат потреба од нешто такво.

СДСМ вчера информира дека парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот.

Шефот на дипломатијата Османи, пак, рече дека коалициските партнери потврдиле во понеделникот дека силно го поддржуваат сегашното парламентарно мнозинство и Влада и не се подготвени да поддржат друго.

– Треба прво да ги завршиме овие предизвици во кои се наоѓаме, па потоа може да зборуваме за политички натпревар. На евентуални, хипотетички избори, било да се тие предвремени или редовни, граѓаните ќе одлучат кој ќе ги застапува, додаде Османи.

Според него, најавената оставка на премиерот постави нов етички стандард во политика, што има рефлексија и во регионот.

Тој потенцира дека актуелната Влада е формирана врз основа на политички договор направен пред една година и било непотребно, избрзано и погрешно, како што рече, претворањето на локалните избори во референдум. – Никој не може да биде сигурен дека ќе има решение во декември. Но, дека нема да има решение ако се дестабилизира Владата без сигурна алтернатива, тоа е сигурно. Ние во декември имаме прозорец со можности, мислиме имаме такви сигнали и предуслови дека можеме да најдеме решение за да ја одржиме првата меѓувладина конференција (со ЕУ) и треба да го искористиме овој момент. Ако тоа не се случи во декември, сигурно дека Албанија ќе се обиде да се одвои од пакетот, што ќе има други последици за нас, бидејќи ќе се создаде лажна перспектива дека европскиот процес продолжува, а Северна Македонија ќе остане изолирана и поледиците ќе ги чувствуваме сите нас. Затоа реков, во овие моменти ваквите решенија не треба да се одраз на лични емоции, додаде Османи.

Лидерот на ЛДП Горан Милевски, пак, вчера изјави дека до средината на следната недела ќе има некој искристализиран предлог за идниот мандатар на владата, а смета и дека за десетина дена можеби ќе има избор на нова влада. Милевски посочи дека во моментот коалициските партнери кои се дел од Владата имаат интензивни

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски вчера на прес-конференција побара брзи предвремени парламентарни избори кои, според него, ќе овозможат формирање стабилна влада способна да се соочи со предизвиците пред кои е исправена земјата.

Формирање ново парламентарно мнозинство, според него, нема да помогне во решавање на наталожените проблеми, туку само ќе доведе до преговори и разговори, и разводнување на капацитетот за управување на институциите и ќе креира погрешна слика која нема да ја пресликува волјата на народот изразена на изборите кои штотуку завршија.

-Затоа во овој момент најдобро решение за Македонија е без одлагање брзи предвремени парламентарни избори со почитување на уставните и законски рокови кои ќе обезбедат цврста и стабилна влада за решавање на актуелните проблеми и вадење на Македонија од кризата во која оваа корумпирана Влада ја втурна. Брзи избори за кои нема да има алтернатива затоа што е потребна стабилна влада и наминување на кризите со кои ќе се соочиме, рече Мицкоски на денешната прес-конференција во партиското седиште.

Изборите, нагласи, се светло на крајот на тунелот и патот до промените кои, како што потенцира, само тогаш ќе бидат целосни.

-Брзите избори ќе треба да обезбедат влада која ќе спроведува политики кои ќе решаваат проблеми и ќе ја донесат новата иднина во која веруваме и за која се бориме. Воедно нова влада треба да ги релаксира и односите во општеството за да се стави крај на поделбите и конфликте и посеаната омраза која е во функција на заштита на криминалот, да се донесе правда и сигурност да зачекориме во подобри времиња иднина каква секој еден гражанин заслужува, рече Мицкоски.