Шпанскиот Парламент го поддржа планот на Владата за штедење гас со кој се предвидува намалување на потрошувачката на гас според препораките на Европската Унија, со цел земјата да избегне недостиг наредната зима.

Во летните денови се препорачува приватните компании и владините агенции да не ги ладат своите простории под 27 степени, а зиме да ги згреат максимално до деветнаесет.

Исто така, светлото на излози и во празни објекти треба да се исклучи од 22 часот.

Таквите мерки ќе ѝ овозможат на Шпанија да ја намали потрошувачката на гас за седум отсто.