Сега е доцна. Има решение, но чини многу пари. Недостасуваат близу 200 милиони евра во енергетскиот систем, покрај овие 25 милиони погоре спомнати, за да го затвориме билансот, потенцира лидерот на опозицијата и поранешен директор на „ЕЛЕМ“, сегашно „ЕСМ“.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го критикува за неактивност шефот на државата, посочувајќи дека тој не ги коментирал последните случувања во земјава ниту, пак, презел нешто за енергетската криза која, според него, е и безбедносна.
Пендаровски е исчезнат, јас не знам каде е освен што мене ме критикува по нарачка, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Страчинце, Гази баба, одговарајќи на новинарско прашање дали е за лидерска средба со оглед на последните случувања на политичката сцена.