Партиите спремаат терен за локалните избори наесен

Иако локалните избори ќе се одржат наесен, партиите веќе ја активираат машинеријата. Започнаа првите разговори и координации за кандидатури за градоначалници, особено во рамките на коалициите. Некои од имињата веќе се дел од внатрешните партиски калкулации, а други – од јавни барања на поединечни лидери.

Вчера, лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски потврди дека ќе брка трет мандат.

Максим Димитриевски ќе брка трет мандат во Куманово

Трет мандат ќе брка и Митко Јанчев во Кавадарци.

Од редовите на Алијанса за Албанците, Зијадин Села отворено изјави дека очекува кандидатот за градоначалник на Струга да дојде од неговата партија. Според него, тоа би било логичен чекор со оглед на учеството во коалицијата Европски фронт.

„По логиката на нештата, за Струга останува кандидат да биде Алијанса за Албанците. Инаку, која би била логиката ние да бидеме во во коалиција, во еднa таканаречена коалиција Европски фронт“, изјави Села.

ДУИ сè уште не се изјаснила по ова прашање, иако според шпекулации, партијата на Али Ахмети има свој фаворит за Струга. Во исто време, разговорите за распределба на кандидатури меѓу партнерите веќе течат, но јасно е дека усогласувањето нема да биде лесно.

Внатрешни тензии и препукувања во албанскиот фронт

Според аналитичари, токму распределбата на локалните кандидатури може да ја тестира кохезијата на коалицијата Европски фронт, особено ако нема договор за клучни општини. Ова прашање ја отвора и дилемата дали двете крила на Алијансата за Албанците – предводени од Села и Таравари – ќе добијат еднаква поддршка.

Ахмети бара парламентарни избори заедно со локалните

Од друга страна, и ВЛЕН ги следи состојбите и испраќа пораки. Билал Касами го обвини Ахмети дека со своите потези внесува раздор и криза во Европскиот фронт.

„Али Ахмети, со обидот да го сруши ВЛЕН, за жал, посеа семе на раздор во Европскиот фронт. И претходно рековме дека не сме заинтересирани за такви ниски игри за тоа кој од каде доаѓа и каде оди. Европскиот фронт, со обидот да создаде криза во владата и државата, едноставно создаде криза кај себе“, изјави Касами за ТВ Алсат.

Познати 25 имиња од ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за предлози за кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори.

По состанокот, генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски ги соопшти имињата на кандидатите:

1. Аеродром – Дејан Митески
2. Бутел – Дарко Костовски
3. Ѓорче Петров – Александар Стојкоски
4. Чучер Сандево – Зоран Бајовски
5. Штип – Иван Јорданов
6. Велес – Марко Колев
7. Свети Николе – Дејан Владев
8. Карбинци – Виктор Паунов
9. Градско – Киро Нацков
10. Кавадарци – Митко Јанчев
11. Гевгелија – Андон Сарамандов
12. Зелениково – Коста Маневски
13. Илинден – Александар Ѓоргиевски
14. Конче – Златко Ристов
15. Делчево – Иван Гоцевски
16. Ново Село – Ѓорге Божинов
17. Василево – Славе Андонов
18. Босилово – Ристо Манчев
19. Берово – Петар Ружински
20. Петровец – Борче Митевски
21. Битола – Тони Коњановски
22. Охрид – Кирил Пецаков
23. Вевчани – Спасе Кочовски
24. Брвеница – Јовица Илиевски
25. Јегуновце – Димитар Костадиновски

ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти своите адути за локалните избори

Со кандидатите кои што се предложени, ВМРО-ДПМНЕ верува дека тоа победата е во нивни раце.