Согласно законот за имплементација на договорот сите граѓани до февруари 2024 година ќе треба да ги променат сите лични документи без разлика на нивниот рок на важење. Од МВР велат дека промената на личните карти, пасошите и возачките дозволи ќе биде на трошок на граѓаните.
Во тек е и постапката за издавање на личните карти со Република Северна Македонија, но кога ќе стартува овој процес ќе зависи од пратеници. Министерството за внатрешни работи не очекува поголеми застои и гужви и покрај тоа што во овој период ќе треба да издадат нови документи на речиси два милиони граѓани.
Додека Македонија постепено ги имплементира обврските превземени со преспанскиот договор, Грција се уште ги нема променето патоказите на кои пишува ФИРОМ. Атина пред 10-тина дена се закани и дека нема да ги ратификува трите меморандуми за соработка и поддршка на европската интгарција на земјава, поради статусот на премиерот Заев за поддршка на македонската фудбалска репрезентација.