Потпретседателот на Сојузот на Војводински Унгарци (СВМ) Балинт Пастор изјави денеска дека мигрантите му прават големи проблеми на локалното население во Суботица.

Во неколку наврати имаше и тоа пукање во шумата во Суботица и не е нормално луѓето во овој град да се будат на пукање од автоматско оружје што за жал се случи неколку пати“, вели Пастор, кој е и шеф на пратеничката група на СВМ во српското Собрание, за весникот „Политика“.

Тој рече дека се надева дека полицијата и жандармеријата ќе бидат континуирано присутни во сите области од нашата држава кои се зафатени од мигрантската криза.

„Сега на сите им е јасно дека мигрантите се добро вооружени, со автоматско оружје. Очигледно е дека не се работи за луѓе кои ги напуштаат своите земји од економски причини“, нагласи Пастор.