Според „Блиц“, авионот што летал од Санторини кон Брисел слетал на аеродромот „Никола Тесла“ поради дефект и истекување на гориво.

Како што може да се види на веб-страницата на Flightradar, проблемот во авионот се појавил додека летал над Тузла, па тој веднаш свртел и се упатил кон најблискиот аеродром, а тоа бил белградскиот.

Авионот со 80 патници направил круг над Шабац, а потоа слетал на аеродромот во Белград.