Патниот правец кон ГП „Голема Црцорија – Голеш“ непрооден поради снежни наноси
Патниот правец од Крива Паланка кон ГП „Голема Црцорија – Голеш“, на околу 600 метри пред граничниот премин, поточно кај селските гробишта во с. Голема Црцорија, е непрооден поради снежни наноси и навеви од снег, информира АМСМ.
За редовни информации, можете да се претплатите на известувања од АМСМ преку Viber.
Препораки за возачите од АМСМ
АМСМ препорачува прилагодување на брзината на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. Особено внимание е потребно на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност за појава на одрони. Ова особено важи за следните делници:
Катланово – Велес
Маврово – Дебар – Струга
Виница – Берово
Кочани – Делчево