Во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата на Паунов:
Дека ова е најслабата власт во општина Карбинци до сега, говорат фактите и бројките.
Имено, Карбинци со Јордан Насев ја има најслабата реализација на програмата ,,За Живот”, немаат ниту 5% реализација, па дури и започнатите проекти не се завршени.
Нефункционалноста на институциите ја потврдуваат и фактот дека ЈП Плачковица се наоѓа на последното место во регионот по транспарентност.
И најголемиот факт дека Насев е најслабиот градоначалник говори и самата состојба низ населените места во Општина Карбинци.
Депониите се во загрижувачка состојба, земјоделците се на работ на егзистенција, комуналните проблеми од ден на ден се посериозни.
20 годишниот функционерски стаж на Јордан Насев во Карбинци, го става на прво место по неуспех.
Нема нова училишна зграда во село Таринци, нема брана на Козјачка река, ниту еден канал за наводнување не е ставен во функција, нема ниту велосипедско пешачка патека.
Нема напредок во ниту една сфера од секојдневието на граѓаните.
Заборавено е село Долни Балван, Крупиште, Аргулица и Козјак, практично и секое населено место во општина Карбинци.
На само 3 месеци од заминување, екипата на Зоран Заев во Карбинци, може да се види дека троши десетици илјади евра народни пари за тендери од типот на „ловење на кучиња“ репрезентации во кафеани и многу други сомнителни зделки.