Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Паунов:

Не направија брана на Козјачка река, не реновираа ниту еден канал за наводнување во Карбинци, нема нова училишна зграда во Таринци, а водата за пиење е проблем кој што го имаат речиси во секое населено место.

Ниту базен, ниту велосипедско пешачка патека, а асвалтирањето на улици во Карбинци е недостижна работа за оваа власт.

Ветуваа патишта, паркови и зеленило, дислокација на депонии.

Институциите се нефункционални во целост.

ЈП Плачковица го претворија во приватна фирма каде се вработуваат луѓе од фамилијата која раководи со партијата на власт.

Власта во Карбинци нема слух ниту за земјоделците и сточарите.

Почитувани,

Нема повеќе да губиме време за тоа колку се тие неспособни, затоа што за помалку од 2 месеци тие ќе бидат минато во Карбинци.

Она што сакам да го истакнам е мотивот, желбата и визијата која ја имам во мене и во сите Вас кои ќе сакате да бидете дел од новата успешна приказна во Карбинци.

Нашата општина ќе биде пример во регионот, модерна општина, со целосна трансформација во една урбана средина со функционални институции каде проблемите ќе се решаваат на дневна основа.

Во секојдневна комуникација со Вас граѓаните ќе ја понудиме нашата програма зад која ќе стојам силно и цврсто дека ќе биде реализирана во целост.

Во Карбинци со нова детска градинка, со нова училишна зграда на постоечката локација во Таринци, со вода за земјоделците преку реновирање на одводните канали, со отворање на подрачна канцеларија за земјоделије, со велосипедско пешачка патека.

Изборот е јасен, помеѓу потрошени кадри и новата сила со визија за општина која ќе биде пример и гордост за сите нас.

Ве повикувам сите да бидете дел од новата победничка генерација без разлика на етничка или партиска припадност, ова е битка за сите нас, ова е битка за нашата иднина и нашата општина Карбинци.