Премиерот Димитар Ковачевски со жесток тон кон коалициониот партнер Павле Трајанов, лидер на ДС, во вечерашното гостување на емисијата 360 степени. Тој кажа дека за разлика од Павле Трајанов, неговата кариера не ја градел по кабинети, и не доаѓа од таква средина.
„Јас својата професионална кариера 22 години сум ја градел во приватниот сектор. Во текот на својата кариера сум работел во мултинационални компании каде во тим сме работеле луѓе од Германија, Австрија, Чешка и Аргентина сум имал колеги“, рече Ковачевски.
Тој посочи дека начинот на соработка е начин на остварување заедничка цел и визија
„Меѓутоа сервилноста иако јас не сум бил дел од владата на Никола Груевски меѓутоа верувам дека таквиот начин на комуникација и таквиот начин на функционирање повеќе би наликувал на такво време, меѓутоа јас не сум бил дел од тоа време“, вели Ковачевски.