Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз, на денешната пленарна седница на Македонскиот Парламентот, зборувајќи за развојната и реформска компонента на Буџетот, меѓу другото посочи: Не можат да се препознаат развојните проекции на Буџетот бидејќи со истиот се предвидува над 7 проценти инфлација, дефицит од над 4 посто и без стратегија за капиталните инвестиции, нивно менаџирање и контрола
Не можеме да ги препознаеме реформите во јавната администрација која станува се погломазна, неефикасна и слабо платена. Може да се почне реформите со укинување на 32 директорски места за економски работи во Клиничкиот чекор.
Со измените во фискалната политика, нема механизам за намалување на сивата економија ниту најава за воспоставување на ефикасен систем за борба против корупцијата, посебно како да се спречи огромната кражба на средства од буџетите на општините и државата, преку наместените јавни набавки или како да се департизираат институциите.
Владеењето на правото мора да биде приоритет на Владата, а тоа не е! Ако имаме некредибилен судски систем, кој е под целосна контрола на политичките партии, власта, тогаш нема да бидат министрите изненадени, разочарани од последните судски одлуки за ТРЕЗОР И ТАРГЕТ ТВРДИНА, туку ќе предложат и ке преземат конкредни решенија.
Предлагам, Владата да подготви закон или закони, со кои во текот на година дена ќе им престане мандатот на сите судии, од основните судии, па се до Врховниот суд и во тој период за секој судија да се спроведе постапка за ревизија на неговата работа,имотната состојба и постапка за реизбор.
Професионалните, чесните и некомпромитираните да продолжат да бидат судии, а другите да понесат одговорност. Тоа би бил конкретен придонес а не да се замајува јавноста со изјавите дека судиите треба да бидат засрамени, каква хипокризија е тоа.
Последните судски одлуки се резултат на корумпиран политичко судски пазар, а не самостојни одлуки на судиите.” Предлог законот за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка и покрај поддршката од надлежните комисии, го блокирате и не дозволувате фер судење,за да се види одговорноста на политичкиот врв, обвинителите и судиите, во над 200 монтираните судски процеси. Дојдовте на власт со паролата, НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР,а од правда ниту првата буква.
На крај,Трајанов посочи дека Буџетот го донесува Парламентот, но Владата мора да има инструменти за контрола како се трошат парите на граѓаните и за тие што ги кршат правилата да има автономен систем за одговорност.