-Истата таа Црвенковска можеби нема искуство како судија, ама затоа има сериозен политички багаж како шеф на кабинет на Владо Бучковски и вршител на функција во влади предводени од СДСМ. Ова е сериозно политичко мешање и обид за контрола на судската власт, а веројатно крајната цел е да се забошотуваат криминалите на оваа власт предводена од Заев. Оправдан е сомнежот на јавноста дека меѓу другото Црвенковска може да влијае и на судскиот процес поврзан со пропаѓањето на Еуростандард банка, од проста причина што токму нејзиниот сопруг е меѓу посочените кои зеле кредит од банката без соодветно покритие и истиот не го вратиле. На овој начин банката и штедачите се оштетени, за што и самите тие сведочат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Павлина Црвенковска нема кредибилитет и ако имаше барем малку доблест ќе поднесеше оставка уште веднаш. Но очигледно надвладеале вредностите на Заев кој е познат по својот ѓон образ.