Ниеден политичар во Македонија почнувајќи од Кљусев, Киро Глигоров, Љубчо Георгиевски, Бранко, Црвенковски, Хари Костов, па ни Груевски не си отишле од јавна сцена со толку омраза, гнев и презир кон себе како сега Зоран Заев, изјави новинарот Драган Павловиќ Латас за „Што не е јасно“ на Алфа.

Латас истакна дека Заев го презираат и неговите, близу 40% заради тој презир не гласаа за таа партија, а не гласаа ни на конгресот на таа партија.

– Позади тој човек стојат преку 200 апсења, растурени фамилии, кој објавува телефонски разговори, порачува судски пресуди, од апелација враќа назад судење, менува судии кои ослободуваат, а тој не може да влезе во Чаир. За марихиана, за порастот на наркоманија, за 3 милијарди долг, за 7.000 починати од корона, кога сите имаа вакцини ние немавме, 45 изгорени, долга е листата на негатива за Зоран Заев, истакна Латас

Тој посочи дека Заев се фали само со НАТО, а тоа го направи со уништена држава, нацијата, културата, иднината за да сочува фотелја.

– Позади Заев стои корупција. Тој е единствен кој е омразен од своите, нагласи Латас.