Биткоинот ги обнови вчерашните загуби, а денес, според веб-страницата „Коингеко“, се тргува по цена од 57.786 долари, што значи дека неговата вредност пораснала за 4,5 проценти.
Етереумот исто така е во „плус“ од утрово, откако ја зголеми својата вредност за 4,8 проценти во изминатиот ден и во моментов е проценет на 3.632 долари.
Она што е изненадувачки на пазарот на криптовалути е цената на Полкадот која достигна неверојатни 43 долари.