Нафтениот пазар од утрово е стабилен и бележи благ пад на цените во однос на вчерашниот ден.
Вредноста на барел нафта на лондонскиот пазар изнесува 104 долари, што е пад од точно еден процент во однос на вчерашниот ден. На американскиот пазар цената на барелот е 99 долари.
Биткоин утрово 46.000 долари
Пазарот на криптовалути утрово е стабилен. Биткоинот утрово вреди 46.197, што е пад од 0,3 отсто. Итириум забележа раст од 0,68 отсто.
Цената на пченицата и утрово е во минус. Еден тон е 984 долари, што е пад од 2 отсто. Во минус е и цената на пченката и изнесува 735 долари, што е иста вредност како вчера.