Во моментот се спроведуваат активности за изградба на потпорен ѕид долж улицата „Прилепска“, во самото коритото на реката Сушица, а дополнително се врши и чистење на речното корито.
Според проектот предвидено е потпорниот ѕид да е во должина од 150 метри. Исто така, предвидено е реконструкција на оштетените делови од улицата „Прилепска“, односно гребење и поставување на нов асфалтен слој. На деловите каде оштетувањата се поголеми ќе се поставува нов тампон и асфалтен слој. Изведувач на активностите е АД „Илинден“, а вкупната сума предвидена за реализација на овој проект е 8,2 милиони денари.
Во селото Елшани, пак, се одвиваат активности за чистење на корито од суводолицата на делови каде што при зголемени врнежи од дожд локалното население се соочуваше со проблеми.