-На парламентарните имавме 1.670 гласови разлика за ВМРО-ДПМНЕ. И на локалните избори 2.000 гласови разлика водевме во првиот круг, а во вториот круг 4.000. Така да би рекол континуираната добра работа, и она што ние како слика го претставуваме како тим буквално сите заедно на крај се одрази за она што требаше да претставува финална битка би рекол или една генерациска битка на оние кои што го предводат ВМРО-ДПМНЕ. И секако на тоа ќе го додадеме и начинот на која што била водена локалната самоуправа, очигледно граѓаните искажаа револт и покрај лошото менаџирање на локалната самоуправа секако дека и лошото менаџирање на државата тука имаше удел во резултатот. Како и да е, на крај убедливата победа би рекол дека за мене претставува повеќе од одговорност и ќе мора во наредниот период сето таа доверба да ја оправдаме, додаде тој.

Пецаков додаде дека СДСМ изгуби бидејќи во Охрид четири години немаше ниту една капитална инвестиција.

-Како мината локална самоуправа претходно предводена значи од Никола Бакрачески како градоначалник од 2013-та година до 2017-та година се остварија неколку капитални инвестиции. Но, останаа неколку недозавршени, тоа беше затворениот пазар, затворената автобуска станица, градскиот базен во Охрид кој што е се уште во изградба, ново крило во болницата „Свети Еразмо“, библиотеката беше реновирана меѓутоа од сите овие само на два објекти сечеа лента и тоа на затворениот пазар и затворената автобуска станица. А, јас прецизно се сеќавам тоа беше еден од првите говори во Советот на Општина Охрид уште во 2017-та година, имаа одредени критики за работењето, јас му кажав вака – среќен ќе сум ако во четиригодишниот мандат успеете да ги пресечете сите ленти на овие проекти кои што ви останале. И во право бев, нагласи Пецаков.