По повод католички Велигден, честитка до верниците кои го одбележуваат големиот празник според Грегоријанскиот календар упати градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, посакувајќи им мир благосостојба и среќа.

Христовото воскресение нè учи дека вербата и надежта нè прават човечни. Затоа и понатаму да останеме свои, обединети во духот на промовирањето на вистинските вредности кои ќе придонесат во зацврстувањето на меѓусебната доверба и почит. Во духот на толеранцијата и меѓусебното почитување овој голем христијански празник не потсетува дека сите во себе носиме љубов и радост.

Со добра мисла и спокој во душите на овој ден посакуваме здравје и среќа за ближните, милост и благослов за изнемоштените и молитва за немоќните и слабите.

Христос воскресна! Навистина воскресна! Честит празник и за многу години! – се вели во празничната честитка на градоначалникот Пецаков.