,,Во 24 часа 3-та сообраќајка, не дај боже да треба брзата помош при сообраќајка да се движи тука. Во политика од секакви побуди може да се носи одлука, само од инет НЕ”, објави на својот фејзбук профил градоначалникот Пецаков. Застој и чекање за влез и излез во градот има со часови, а причина за ваквата состојба се градежните работи за реконструкција на патот Подмоље-Охрид. Градоначалникот побара од надлежните, активностите да се одложат по завршувањето на летната сезона но не наиде на разбирање.
Како и да е уште првиот ден го ископавте влезот да не се премислите случајно, понудивте двојно пари на изведувачите ако завршат пред рокот, јас само се надевам нема да имаме проблеми во овие тешки три недели пред нас ако се 3 се разбира- стои во објавата на охридскиот градоначалник Пецаков.
Министерот за транспорт и врски Бочварски побара туристите и граѓаните да се стрпат бидејќи како што рече се ќе заврши до 10 јули пред шпицот на сезоната .
Од неодамна, поради реконструкција на патниот правец Подмоље-Охрид, сообраќајот се одвива по стариот пат Охрид-Струга, што предизвика големи реакции во јавноста, пред се’ поради безбедноста на овој патен правец.