„Господа од ВЛАСТА дали би дозволиле да се прави сето тоа на ВАШИТЕ деца, што Вие на нас ни го правите? Да сме на ВАШЕ место и да ги држиме во НЕИЗВЕСНОСТ со ГОДИНИ и со МЕСЕЦИ“ до Владата се обрати Игор Пехчевски, пациентот кој боледува од цистична фиброза. Тој истото прашање го упати и до премиерот Димитар Ковачевски, до министерствата за здравство и за финансии
Тој истото прашање го упати и до премиерот Димитар Ковачевски, до министерствата за здравство и за финансии, пренесува Макфакс.
„До кога оваа БИРОКРАТИЈА ќе трае? До кога нас и нашите семејства ќе не држите во СТРАВ и НЕИЗВЕСНОСТ? До кога ќе ни создавате дополнителни компликации и проблеми од тие што ги имаме со ЗДРАВЈЕТО. НЕ МОЖЕ и НЕДОЗВОЛИВО е да ни ги УСКРАТУВАТЕ лековите кои ни се со УСТАВ загарантирани и од кој зависии нашиот ЖИВОТ нашата ИДНИНА“ пишува Пехчевски.
„Го бараме лекот Трикафта (KAFTRIO) веднаш“, потенцира Пехчевски.