На средбата беше изразено задоволство од развојот на севкупните билатерални односи засновани на традиционално пријателство, почит и разбирање и беше реафирмирана цврстата определба на двете држави за зајакнување и унапредување на соработката во сите области од заемен интерес, особено во економската сфера во која постои голем потенцијал, соопшти кабинетот на претседателот на Пендаровски.

Истакнувајќи ја потребата од натамошно интензивирање на меѓупарламентарната соработка, претседателот Пендаровски потенцираше дека Македонија високо ја цени можноста за размена на искуства со Црна Гора во насока на остварување на заедничката стратешка определба, членството во Европската Унија.

Во тој контекст, осврнувајќи се на претстојниот Совет за општи работи на Европската Унија, Пендаровски ја нагласи важноста интеграцијата на земјите од Западен Балкан да биде третирана како една од клучните стратешки и геополитички приоритети во рамки на Унијата, како дополнителен поттик за реформските процеси во нашите држави, се вели во соопштението од кабинетот на шефот на државата.