Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски избегна да даде конкретен одговор за извештајот на ЕК кој го доби од Дејвид Гир. Наместо да даде одговор за ситуацијата, Пендаровски преку Фејсбук објава само на кратко напиша дека: извештајот го нотира сработеното од првата фаза за почеток на преговорите со скринингот.

Претходно, Европската комисија нотираше распространета корупција, застој во судството и злоупотреба на европското знаменце.

Извештајот, кој го нотира сработеното од првата фаза за почеток на преговорите со скринингот, прикажува и детална слика за состојбите во македонското општество, а дава патоказ за натамошната работа на институциите, како и областите во кои треба да посветиме внимание.

Освен Пендаровски, Гир претходно им го врачи Извештајот на ЕК и на претседателот на Собранието Талат Џафери и на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.